Повеќе од 600 лица се уапсени по третата ноќ по ред на протестите во повеќето туниски градови, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Портпаролот на министерството, Калед Хајуни, изјави дека се уапсени 632 лица, главно на возраст меѓу 15 и 25 години, за „палење гуми и канти за отпадоци за да се нарушат безбедносните сили“, иако е во сила полицискиот час поради пандемијата на коронавирусот.
Туниските граѓани се лутат затоа што земјата е пред банкрот и поради многу лошото функционирање на јавните служби.
Многумина од нив, исто така, се разочарани што на 10 години од револуцијата, со која беше соборен автократскиот претседател Зин Ел Абидин Бен Али не гледаат никаков видлив напредок во земјата.