Продолжуваат анализите на авионските делови пронајдени на островот Реунион

Од:

Воената лабoраторија од Тулуз каде беа испратени на анализа авионските делови пронајдени на францускиот остров Реунион во Индискиот Oкеан, денескa продолжува со анализите, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Според малезискиот премиер нема сомневање дека станува збор за делови на Боингот 777 на комапнијата Малезија ерлајнс, исчезнат на 8 март 2014 година. Ова и покрај воздржаноста на јавниот обвинител од Париз, кој само потврди дека станува збор за дел од крилото на еден Боинг 777.

Француските специјалисти, заедно со нивните колеги од странство денескa продолжуваат со анализите во Центарот на генералната дирекција за вооружување и Авио техника, во предградието на Тулуз.

Во оваа авионска катасрофа исчезнаа 239 лица на летот МХ370 кој требаше да ги однесе од Куала Лумпур во Пекинг.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Малезија бара нова истрага за исчезнатиот МХ-370

А1он

Малезија има нов крал

Малезија: Најмалку 10 загинати по авионска несреќа на автопат

Во близина на Малезија се запали танкер, спасени се 25 членови на екипажот, тројца се водат за исчезнати

Горан Наумовски

Феро Инвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

Горан Наумовски