Продолжува спасувачката мисија по преживеаните на Хималаи

Од:

Стотици спасувачи трагаат по непристапните терени на Хималаи по преживеаните од несреќата предизвикана од пукање и отцепување на глечер во северна Индија и предизвика лавина и поплави.

Спасувачите трагаат по 165 луѓе што се водат како исчезнати, а дел од спасувачите се фокусирани на тунелот кај хидроцентралата, каде од неделата изгубен е секаков контакт со повеќе од 30 работници. Откинатиот глечер предизвика буица вода која ја проби браната на акумулациското езеро и предизвика разорна поплава.

Инцидентот се случил на 7 февруари во областа Чамоли во дистриктот Утаракханд на Хималаите, околу 2.000 метри надморска височина, а населението е евакуирано.

Парчињата глечер оштетија две хидроелектрани и пет мостови на реката Алакнанда.

Спасувачите пронајдоа 15 беживотни тела на различни места во дистриктот Утаракханд,

Научниците веруваат дека климатските промени предизвикале пукање на глечерот, потсетувајќи оти глечеррите ширум светот се се понестабилни поради глобалното затоплување.

Би можело да ве интересира

Тензично на Хималаите, Индија испраќа војска на границата со Кина

(ВИДЕО) Тензиите се разгоруваат и на исток: Масовна тепачка меѓу кинески и индиски војници, Азија стравува од ескалација

А1он

Лавина на Хималаите затрупа планинари, најмалку четворица загинати, 28 исчезнати

Пронајдени телата на планинарите кои исчезнаа на Хималаите

ВИДЕО: Најопасниот пат во светот се наоѓа на Хималаите на висина од над 3.500 метри и без заштитна ограда

Наум Локоски

Леопард – човекојадец напаѓа пијаници

Ана Ололовска