Леопард – човекојадец напаѓа пијаници

Од:

Леопард-човекојадец изеде 12 луѓе во селата во подножјето на Хималаите, а се чини дека посебно му се „слатки“ пијаниците.

– Диво животно ги тероризира селаните и речиси е невозможно навечер да се прошетаме наоколу, изјави Мадан Панер, еден од селаните од Котали, јави Телеграф.

Тој истакна дека станало многу проблематично да се патува меѓу селата низ шумата. Првата жртва леопардот ја убил во јануари 2012 година, а оваа година изел двајца луѓе. Но, многумина се спасија, но се повредени. Последниот напад се случил минатиот четврток.

Луѓето носат стапови за да се одбранат. Многу селани веруваат дека лесен плен за леопардот се – пијаниците.

Белинда Врајт од индиското друштво за заштита на диви животни смета дека леопардот не „цели“ токму на алкохоличарите, туку инстиктивно ги напаѓа они за кои гледа дека се тетераваат ноќе.

– Не верувам дека оние кои пиеле алкохол имаат подобар вкус, заклучи Врајт.

Леопардите и тигрите почнуваат да напаѓаат луѓе кога се повредени или престари за да да ловат кучиња, нивната омилена храна.

Би можело да ве интересира

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

Орце Костов

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

Орце Костов

Тензично на Хималаите, Индија испраќа војска на границата со Кина

(ВИДЕО) Тензиите се разгоруваат и на исток: Масовна тепачка меѓу кинески и индиски војници, Азија стравува од ескалација

А1он

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска