ВИДЕО: Најопасниот пат во светот се наоѓа на Хималаите на висина од над 3.500 метри и без заштитна ограда

Од:

Зојила е планински превој на Хималаите, долг девет километри, и е дел од индискиот државен автопат 1Д.

На некои делови, патот се издигнува до 3.528 метри надморска височина и претставува врска помеѓу регионот Ладак и долината Кашмир.

Истовремено, станува збор за еден од најопасните патишта во светот, каде што секоја година животот го губат десетици луѓе.

Причина за тоа е нерамниот и непристапен терен, каде што е граден патот, но и немилосрдните временски услови.

Поради снег, мраз и кал, несреќите во зимските месеци тука се честа појава, па патот редовно се затвора. Тој беше затворен од 11 декември минатата година до 6 април.

Локалните власти ја научија лекцијата од 2009 година, кога поради снегот околу 350 лица биле заробени на разни делови од патот.

Освен тоа, станува збор за пат на кој има 60 свлечишта, а нема заштитна ограда. Возачите се деконцентрирани и од стадата домашни животни кои често поминуваат по патот или од остатоци на автомобили и автобуси, кои тука го доживеале својот крај.

Би можело да ве интересира

Тензично на Хималаите, Индија испраќа војска на границата со Кина

(ВИДЕО) Тензиите се разгоруваат и на исток: Масовна тепачка меѓу кинески и индиски војници, Азија стравува од ескалација

А1он

Лавина на Хималаите затрупа планинари, најмалку четворица загинати, 28 исчезнати

Продолжува спасувачката мисија по преживеаните на Хималаи

Пронајдени телата на планинарите кои исчезнаа на Хималаите

Леопард – човекојадец напаѓа пијаници

Ана Ололовска