Повеќе од шест месеци по исчезнување патничкиот авион на Малезија ерлајнс, денска продолжува потрагата по него во водите на Индискиот Океан.
Бродот „Гоу Финекс“ е првиот од трите брода што речиси една година ќе трагаат по остатоците од авионот далеку од западниот брег на Австралија.
Експертите ќе користат сонди, видеокамери и сензори за откривање авионско гориво при пребарувањето на водите по авионот Боинг 777, што исчезна на 8 март годинава со 239 патници и членови на екипажот на летот од Куала Лумпур за Пекинг.
Потрагата беше во прекин четири месеци со цел експертите да мождат да извршат мапирање на морското дно на површина од 60 илјади квадратни километри, на околу 1.800 километри западно од Австралија, за каде што се претпоставува дека се наоѓаат остатоците на авионот.