Австралија денеска соопшти дека ќе продолжи да трага по исчезнатиот патнички авион „Малезија ерлајнс“, откако во јавноста беше објавен коментар дека леталото ќе биде прогласено за „исчезнато“.
Комерцијалниот директор на компанијата „Малезија ерлајнс“, Хју Данливи предизвика бурна рекација кај семејствата на исчезнатите патници со изјавата дека роднините ќе добијат отштета откако авионот официјално ќе биде прогласен за исчезнат.
Медиумите наведуваат дека Австралија и Малезија најверојатно до крајот на говинава ќе го прогласат авионот за исчезнат, со што официјално ќе заврши масовната потрага, по „Боингот 777“ кој на 8-март со 239 патници и членови на екипажот исчезна над Индискиот океан.
Е. Г.