Припадници на нигериската исламиситчка група Боко Харам киднапираа неколку лица во северен Камерун, меѓу кои е и сопругата на камерунскиот вицепремиер Ахмаду Али, Марјам.
Како што соопшти претставникот на камерунската армија, полковник Феликс Нџи Формекон, членовите на Боко Харам ја преминале нигериско-камерунската граница и го нападнале пограничниот град Колофата во северен Камерун.
– Луѓето на Боко Харам се уште се во градот и водат борби со нашите војници, изјави Формекон.
Тој соопшти дека сопругата на вицепремиерот Али била киднапирана од нивиниот дом заедно со домашните помошнички. При нападот, телохранителите успеле да го извлечат вицепремиерот Али од домот и да го пренесат во соседниот град Мора.
Формекон истакна дека при судирите во Колофата сигурно има и загинати и ранети, но дека засега нема податоци за конкретни бројки на жртви.