Рокот за откажување од руско државјанство во Крим истекува на 18 април и нема да биде продолжен, изјави денеска заменик-директорот на руската Федерална имиграциска служба Сергеј Калјужни.
Тој наведе дека досега добиле 3.427 изјави за откажување од руското државјанство.
Во исто време околу 390.000 граѓани на Крим поднеле барања за издавање на руски пасоши.
Калјужин посочи дека руските власти ќе се обидат да го испочитува рокот за обезбедување на руски пасоши за населението на Крим.