Претседателските избори во Алжир ќе се одржат на 12 декември, соопшти привремениот претседател на земјата Абделкадер Бенсалах.
Бенсалах беше избран за привремен претседател откако на почетокот на април Абделазиз Бутефлика поднеде оставка после повеќенеделните масовни протести против неговото 20-годишно владеење.
Тогаш во првото обраќање кон нацијата Бенсалах вети дека ќе организира слободни избори.