Претседателот на унгарскиот Парламент се заложи за автономија за Унгарците во Романија

Од:

Лидерите на унгарските заедници во соседните држави на Унгарија треба да ги зголемат напорите за постигнување автономија, изјави претседателот на унгарскиот Парламент Ласло Ковер, кој вчера учествуваше на церемонијата на отворање на унгарскиот Културен центар во романското село Римета, јавија романските медиуми.

Ласло Ковер забележа дека припадниците на унгарската нација, кои се поделени со Договорот од Тријанон, имаат право да живеат во една целина во рамки на ЕУ.

– Има различни форми на автономија во ЕУ кои даваат можност за самоопределување, објасни претседателот на унгарскиот Прламент, давајќи го примерот со Швеѓаните во Финска, Финците во Шведска и Баските и Каталонците во Шпанија.

Ковер потсети дека унгарскиот премиер Виктор Орбан многу пати зборувал за постоењето на „унгарско прашање“ на европско ниво, објаснувајќи дека Владата на Унгарија токму на оваа тема сака да го привлече вниманието на меѓународната заедница.

– Тоа нешто бара адекватна економска ситуација во Унгарија, но многу зависи и од подготвеноста на лидерите на унгарските заедници да се однесуваат сериозно кон стратегиските цели, изјави претседателот на унгарскиот Парламент. – Унгарците од Трансилванија имаат потреба од повеќе поддршка од страна на локалните лидери, но и од страна на унгарските политички лидери, потенцира Ковер.

Во Романија живеат околу 1,5 милиони Унгарци или 6,6 проценти од населението.

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Сијарто: Унгарија не сака руски имот, тоа е наследство на комунизмот

Орбан: ЕУ ни се заканува со Армагедон