Тунискиот претседател Монцев Марзуки беше сослушан во суд како сведок во врска со истрагата за убиството на лидерот на опозицијата Шокри Балаид.
Роднините на убиениот Белаид тврдат дека шефот на државата знаел за заканите упатени кон лидерот на опозицијата, пренесуваат агенциите. Еден дел од неговото семејство оваа недела обелодени дека не верува во официјалната верзија според која едно салафистичко движење го убило Белаид.
Роднините на Белаид ја обвинија исламистичката партија на власт Енада дека стои зад убиството.
Семејство на Шокри Белаид исто така тврди дека Марзуки бил известен за заканите кон политичарот убиен на 6 февруари, што портпаролот на претседателството Аднен Манцер демантираше.
Убиството на Белаид го втурна Тунис во политичка криза без преседан и го принуди премиерот Хамади Џебали да поднесе оставка, а земјата се уште е во очекување на нова Влада.