Претседателот на Тунис дополнително ја зајакна својата моќ со декрети

Од:

Тунискиот претседател Каис Саид издаде претседателски декрети и дополнително ја зајакна речиси апсолутната моќ што ја обезбеди за себе пред два месеци.

Претседателските декрети издадени вчера вклучуваат продолжување на суспензијата на овластувањата на Парламентот и укинување на имунитетот на сите пратеници од прогон.

Саид отиде чекор понатаму со указите, одлучувајќи да ги замрзне платите на пратениците.

Во декретите се споменува и намерата на Саид во иднина да владее исклучиво врз основа на претседателските декрети и да игнорира делови од Уставот.

Законите нема да одат во парламентот, чии овластувања се суспендирани, поради што Саид ќе има речиси неограничена моќ.

На 25 јули, Саид го смени премиерот на Тунис, го суспендираше парламентот и ја презеде извршната власт, наведувајќи дека тоа го прави од национални интереси.

Неговите критичари го опишаа потегот како државен удар.

Би можело да ве интересира

Четворица осудени на смрт, двајца на доживотен затвор за убиство на политичар во Тунис

Туниската полиција уапси стотици мигранти во крајбрежниот регион Сфакас

ВИДЕО: Хаос во Тунис, српските туристи за малку ќе се степаа со хотелиерите откако добија мувлосани соби

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во напад пред синагога во Тунис: Полицаец уби двајца верници и колега, убиен е и напаѓачот

Горан Наумовски

ВИДЕО: Фудбалерот Низар Ал-Исави почина откако се самозапали

Предраг Петровиќ

Полицијата уапси министер за финансии и познат бизнисмен