Претседателот на Република Јужна Африка Џејкоб Зума стапи денеска на должност за втор претседателски мандат на церемонија со танци, молитви, топовски поздрави и прелети на авиони.
Лидери од Нигерија, Зимбабве и други африкански земји присуствуваа на настанот во владиниот комплекс во јужноафриканската престолнина Преторија.
На 7 мај владејачкиот Африкански национален конгрес победи на изборите, со што продолжи политичката доминација, која започна од крајот на системот на апартхејдот.