Претседателката на Јужна Кореја ја повлече номинацијата за премиерот Ким Бјонг-јун

Од:

Јужнокорејската претседателка Парк Геун-хе денеска изјави дека ќе се откаже од номинацијата на Ким Бјонг-јун за премиер на земјата доколку Парламентот препорача нов кандидат.

-Доколку Народното собрание препорача нов премиер, ќе го именувам и ќе му дозволам да го контролира кабинетот, рече Парк во текот на состанокот со претседателот на Парламентот, Чунг Се-кун.

Парк за нов премиер минатата недела го именува Ким Бјонг-јун, поранешен министер од  времето на некогашниот либерален претседател, но опозициските пратеници порачаа дека ќе гласаат против него, бидејќи не биле на соодветен начин консултирани за ова прашање, наведуваат француските медиуми.

Претставници на јужнокорејското Државно обвинителство вчера упаднаа во канцелариите на „Самсунг електроникс“ во рамки на истрагата за политичкиот скандал поврзан со претседателката и нејзината пријателка, осомничена за злоупотреба на влијание во државните бизниси.

Десетици илјади Јужнокорејци минатиот викенд на протести побараа оставка од претседателката Парк заради овој корупциски скандал.

Би можело да ве интересира

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот

Јужна Кореја и се закани на Кина: Не може да се толерираат промени во Јужното Кинеско Море

Катерина Ѓуровски

Северна Кореја рано утринава истрела неколку крстаречки ракети кон Жолтото Море

ВИДЕО: 37.000 извидници евакуирани од камп во Јужна Кореја пред налетот на тајфунот Канун

Катерина Ѓуровски

Поплави и свлечишта во Јужна Кореја, стотици луѓе евакуирани

Горан Наумовски