Претседателката на Јужна Кореја го појаснува купувањето големи количини вијагра, по откритие на пратеник

Од:

Скандалот околу блиската соработничка во сенка на јужнокорејската претседателка Парк Геун-хе го принуди претседателството да го појасни купувањето на значителна количина вијагра.

Новиот елемент од скандалот веднаш го привлече вниманието на јужнокорејските медииуми, кои пројавија интерес за личниот жиот на Парк Геун-хе, нејзините пријателски врски со Чои Сон-сил и нејзиниот покоен татко Чои Тае-мин, кој беше шамански верски лидер.

Пратеник од опозицијата откри дека минатата година претседателството купило неколку стотици апчиња, кои се користат за лекување на проблеми со ерекцијата, вклучувајќи и „Вијагра“ и генеричката верзија на лекот.

Во екот на медиумската бура, која се појави со откритието, портпаролот на Пак појасни дека апчињата биле купени за справување на висинска болест за време на посетата на претседателката во мај 2015 година на некои африкански земји.

Апчињата биле наменети  за помошници и службеници на претседателката за време на посетата на Етиопија, Уганда и Кенија, чии главни градови се наоѓаат на голема надморска височина.

– Ги купивме за тоа патување, но не сме ги искористиле, изјави портпаролката и додаде дека лековите имаат и други терпевтски дејства поврзани со лекување на висинска болест.

Шеесет и четири годишната Парк не е мажена и не е познато дали има партнер.

Претседателските служби изминатите години купувале исто така стотици екстракти од човечка плацента и витамини за инјектирање, користени претежно за детоксикација и подмладување.

Тајната претседателка соработничка Чои Сон-сил е уапсена на почетокот на месецот за злоупотреба на власта и изнудување и е обвинета дека ги користела своите пријателски врски со претседателката за да извлекува средства од државни компании.

Претседателката е обвинета поради премолчување на криминалните дела на нејзината пријателка, како и за тоа дека и дозволила да се меша во државите работи.

Би можело да ве интересира

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот

Јужна Кореја и се закани на Кина: Не може да се толерираат промени во Јужното Кинеско Море

Катерина Ѓуровски

Северна Кореја рано утринава истрела неколку крстаречки ракети кон Жолтото Море

ВИДЕО: 37.000 извидници евакуирани од камп во Јужна Кореја пред налетот на тајфунот Канун

Катерина Ѓуровски

Поплави и свлечишта во Јужна Кореја, стотици луѓе евакуирани

Горан Наумовски