Претседателите на осум европски земји разгледуваат начини за излез од економската криза

Од:

Во Краков вчера почна неофицијална дводневна средба на претседателите на Бугарија, Германија, Естонија, Италија, Летонија, Полска, Португалија и Финска.

Меѓу главните теми во дискусиите се економската криза, трансатлантските односи и престојната средба на врвот во ноември на иницијативата „Источно партнерство“.

Kабинетот на полскиот претседател Бронислав Коморовски, кој е организатор и домаќин на средбата, соопшти дека тој планира да го привлече вниманието на потребата од поширока евроинтеграција и од длабоки структурни промени за преземање мерки против кризата.

Според Коморовски, би требало да се проширува соработката со стратешките партнери на ЕУ, од кои најголем партнер остануваат САД.

Коморовски се залага и за создавање трансатлантско трговско-инвестициско партнерство, што ќе овозможи стимулирање на економскиот раст.

Денеска осумте шефови на држави ќе ја разгледаат политиката на добрососедство, вклучувајќи ја и програмата „Источно партнерство“, насочена кон зближување на ЕУ со Азербејџан, Ерменија, Белорусија, Грузија, Молдавија и Украина.

 

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни