Премиерот на Тунис, Хамди Џебали поднесе оставка, бидејќи неговиот обид да формира технократска влада и да ја заврши политичката криза, пропадна.
Ветив доколку мој план не успее, дека ќе поднесам оставка, што и го направив – изјави Џебали по состанокот со претседателот на Тунис, Монсеф Марзукиј.
По убиството на еден од опозициските политичари, минатата недела Џебали предложи формирање на влада од аполитични технократи која ќе го води Тунис до изборите.
Исламисти и партијата на претседателот Монсеф Марзукиј, како и уште две партии предложија во новата влада да влезат политичари но и независни експерти.
Две години откако со протестите е сменет од власт тунискиот претседател Зин ел Абидин Бен Али, започнаа нереди и социјално и политичко насилство.
Опозициските парии и синдикалци ја обвинија происламистичката полиција за организирање напади на опозицијата или нивните простории.