Премиерот на Пакистан предупредува на опасност од војна

Од:

Премиерот на Пакистан, Имран Кан, отворено предупреди дека е можна војна поради репресијата на Индија во спорниот хималајски регион Кашмир.

Кан го изјави тоа во време на зголемена блискост на американскиот претседател Доналд Трамп и индискиот премиер Нарендра Моди, кои двапати разговараа во изминатите три дена. Трамп ги повика двете страни да ги надминат разликите.

Тој го опиша индискиот лидер Моди како „расист“ кога зборуваше пред новинарите во ОН.

Индија и Пакистан, ривали со нуклеарно оружје, се во се полоши односи од 5 август, кога индиската влада ја укина автономијата над дел од Кашмир под индиска контрола.

Националистичката хиндуистичка влада на Моди воведе полициски час и ги прекина скоро сите форми на комуникации во мнозинскиот муслимански Кашмир.

Би можело да ве интересира

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Пакистан е веќе нуклеарна сила: Никој нема увид што изработува и колкава опасност може да предизвика

А1он

(ВИДЕО) Пакистан изврши ракетни напади на територијата на соседен Иран

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нуклеарно вооружените Пакистанци се закануваат со одмазда за нападот од Иран