Премиерот на Малезија, Наџиб Разак, денес го распушти парламентот и повика на национални избори, кои треба да се одржат кон крајот на месецов.
Според анкетите, на изборите во рамноправна борба ќе влезат коалицијата на премиерот Национален фронт и сојузот на опозицискиот лидер, Анвара Ибрахим.
Се претпоставува дека овие избори ќе бидат најголем предизвик за владеачката коалиција која управува со државата 56 години.
Изборната комисија наскоро ќе се состане за да го реши датумот на изборите.
Аналитичарите предвидуваат дека претстојните избори ќе бидат неизвесни и тоа во момент кога државата се соочува со грижи поради корупција и криминал.
Во коалицијата на 13 партии доминира партијата Наџиб, која настојува де спроведе низа реформи со цел да се зајакне стопанството и да се добијат поголеми граѓански права.
Елена Георгиевска