Премиерот на Лесото побегна во Јужна Африка

Од:

Заменик премиерот на Лесото, Мотетџоа Метсинг, го презеде радоводењето со Владата, откако премиерот Томас Табане побегна во Јужна Африка, обвинувајќи ја армијата за изведување воен удар.

Табане беше во раскараната коалициска Влада со својот политички ривал Метсинг.

Табане во Јужна Африка побегна уште вчера вечер, откако војската ги опколи неговата резиденција и полициските станици во главниот град Масеру, пренесуваат британските медиуми.

Војската негира дека се обидела да го собори Табане од власта, туку наводно само сакала да спречи полицијата да вооружи извесна политичка фракција во ова мало афричко кралство со два милиона жители, целосно опколено од Јужна Африка.

-Според Уставот, во отсуство на премиерот неговиот заменик го презема раководењето со земјата додека премиерот не се врати, истакна министерот за наука и технологија Селибе Мочобороане.

Односите меѓу партијата „Ал Басото“ на Табане и групацијата „Конгрес за демократија“ на Метсинг се многу лоши, а Табане во јуни го распушти Парламентот за да избегне пратеничко изгласување недоверба.

Заменик премиерот Метсинг во последно време најавуваше формирање нова коалиција која Табане ќе го исфрли од власта.

Според тврдењата на странските дипломати во Масеру, војската на Лесото главно му е лојална на заменик премиерот, а полицијата на одбегнатиот премиер.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големи бранови предизвика хаос во Јужна Африка: Природна појава усмрти две лица

Младата Верушка Нел од ЈАР ги именуваше убијците пред да почине во болница

Во Јужна Африка загинаа 18 лица во престрелка со полицијата

ВИДЕО: Земјотрес во близина на Јоханесбург, снимки од моментот на потресот

Ана Ололовска

Путин ќе биде уапсен ако ја посети Јужна Африка, предупредува лидерот на опозицијата

Катерина Ѓуровски

„Фејсбук силувачот“ кој ја лажираше сопствената смрт фатен во Танзанија