Европратеник од партијата на Орбан поднесе оставка откако беше фатен на нелегална геј оргија во Брисел

Од:

Пратеник во Европскиот парламент од Унгарија и висок функционер на партијата Фидес на премиерот Виктор Орбан, денеска поднесе оставка на функцијата откако во петокот бил затекнат во стан во Брисел во која, спротивно на прописите воведени поради пандемијата, била организирана „геј оргија“, соопшти белгиската полиција.

Јозеф Сајер, член на раководството на партијата Фидес, се извини поради, како што рече „личната слабост“. Според информации кои полицијата не ги потврди, но ги објавија белгиските и унгарските медиуми, Сајер се обидел да избега од полициската рација спуштајќи се по олукот на зградата, но не успеал.

Партијата Фидес е тврдо конзервативна и се спротивставува на правата за ЛГБТ-популацијата, негувајќи ги семејните вредности. Сајер бил и на високи функции во Европската народна партија, која ги обединува конзервативните политички сили на континентот.

Спорната журка во приватен стан во центарот на Брисел била посетена од околу 25 луѓе, повеќето мажи, а полицијата ја извршила рацијата поради сомневања дека на забавата се кршат прописите поврзани со заштитата од коронавирусот.

Според белгиската агенција Белга, дел од учесниците биле голи кога влетала полицијата, а сите добиле предупредување дека ги кршат правилата на строгиот карантин воведен во земјата. Вообичаената казна за кршење на конкретните прописи во Белгија е 250 евра.

Во петокот, Сајер прво се повикал на пратеничкиот имунитет, но потоа одлучил да поднесе оставка и сега е под кривична истрага во Брисел.

Европскиот парламент соопшти дека правилото за пратенички имунитет важи за официјалните обврски на еден парламентарец, а не за тоа што тој прави во неговиот приватен живот.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

Каја Калас доби „зелено светло“ во Европскиот парламент за позицијата шеф на европската дипломатија

Горан Наумовски

Европскиот парламент ги одобри преостанатите седум кандидати за еврокомесари

Горан Наумовски

Орбан и објави „војна“ на левицата: Допрва доаѓа времето на патриотите, вие сте неспособни

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски

Орбан: Економските проблеми на Унгарија се резултат на војната во Украина

А1он