Пожар во училиште во Милано

Од:

Вкупно 66 деца и 55 вработени денеска беа евакуирани од летното училиште „Рудолф Штајнер“ во Милано, откако избувна пожар на покривот на зградата, објави електронското издание на италијанскиот весник „Република“.

Според весникот, пожарот избувнал за време на градежни работи на покривот, додека група работници ја обложувале покривната конструкција со катран.  

Истрагата утврдила дека катранот бил прегран кога работниците почнале да го нанесуваат, поради што се запалил и огнот набрзо се проширил на целата покривна конструкција.

Во гаснењето на пожарот во училишната зграда, од која се кревал црн чад, учествувале четири противпожарни возила.

„Република“ посочува дека при пожарот нема жртви, бидејќи сите деца и вработени биле навреме евакуирани.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент

Семејство со три деца со автомобил падна во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Серија земјотреси во околината на Неапол

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага

Поплави во Италија: Тројца млади исчезнаа во водата

Предраг Петровиќ

„Јас сум таа ку*ка Мелони, како сте“?

Предраг Петровиќ