Во Алжир синоќа повторно имаше антивладини протести поради одржување на претседателските избори, што се закажани на 12 декември.
– Нема да има гласање, скандираа демонстрантите во главниот град истакнувајќи дека изборите се наменети за „регенерација на политичкиот систем“, што е на власт од прогласување на независноста на Алжир во 1962 година.
Протести имаше и во другите градови на Алжир.
Националниот комитет за ослободување на затвореници соопшти дека последните месеци приведени се 140 луѓе.
Протестите во Алжир почнаа на 22 февруари што доведоа до оставка на претседателот Абделазиз Бутефлика, бидејќи граѓаните не сакаат да се избере негов наследник, а претходно да не заминат од власт сите негови соработници.