Повторно отворен пристапот до поворката за Вестминстер, за збогување со кралицата се чека повеќе од 24 часа

Од:

Британските власти повторно дозволија пристап на сите оние кои сакаат да се збогуваат со Кралицата Елизабета Втора, што времено беше стопирано поради должината на поворката за влез во Вестминстерската палата каде е изложен ковчегот со нејзините посмртни останки.

„Пристапот до поворката е обновен. Внимавајте, се чека повеќе од 24 часа, а температурите ќе бидат ниски во текот на ноќта“, предупредуваат од Владата, притоа посочувајќи на можноста од повторно затворање на пристапот кон колоната.

Легендата на британскиот фудбал Дејвид Бекам денеска беше во поворката, а проценка е дека чекал во редицата повеќе од десет часа.

Погребот на кралицата Елизабета Втора ќе биде в понеделник. Се очекува за церемонијата да допатуваат над 500 претставници од двеста држави, соопшти денеска британскиот Форин Офис. Меѓу нив има речиси сто шефови на држави и шефови на влади, како и над дваесет членови на кралски семејства.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Мемет Камбер после 22 дена ќе биде достојно погребан на гробиштата во Бутел

Орце Костов

Уапсен погребник: Наплатувал, а не ги закопувал починатите, во фирмата пронајдени трупови во фаза на распаѓање

(ВИДЕО) Масовна тепачка на погреб: Се степаа две групи на роднини

Горан Наумовски

Официјално откриен надгробниот споменик на Елизабета Втора

Ана Ололовска

Погребот на кралицата Елизабета го надмина тој на Тито по посетеност

А1он