Властите во Боцвана започнаа истрага за причините за ненадејната смрт на 11 слонови во еден од резерватите во земјата.
Според Министерството за животна средина, природни ресурси и туризам, група специјалисти е испратена во резерватот Мореми да земат примероци од животинско ткиво за понатамошно истражување.
Минатата година, меѓу мај и јуни, 330 слонови угинаа во делтата Окаванго, а истражувањето откри дека нивната смрт била предизвикана од голтање токсини произведени од цијанобактерии содржани во алгите во тамошните водни базени. Тие влегле во телото на животното преку водата, предизвикувајќи интоксикација и смрт.
Денес, во Боцвана се наоѓа најголемата популација на слонови во Африка, 130 000. Во моментов има 350.000 слонови низ целиот континент.