Повторно ли е целта Турција?

Од:

Хабертурк – Анкара

Откако скоро сите земји од Пресискиот Залив, а згора на се и Египет, преземаа дејствија против Катар, сите многу се изненадија.

Не сакам да ги повторувам подробностите во случај дека сте дозналесе за нив од весниците и од интернет.

Подоцна кон изолацијата на Катар се приклучија и уште некои други земји, а тензиите уште повеќе пораснаа.

Само што нема којзнае што за чудење. Уште од март беше јасно дека нештата ќе стигнат до тука.

Откако млдиот шеик (емирот на Катар, Тамим бин Хамад Ал Тани) ги презема функциите од татко му, тој започна да применува политики кои не им се допаѓаа ниту на Западот, ниту на исламските држави поддржувани од Западот.

Чашата почна да се прелева во март.

Тоа што Катар не се чепкаше со Иран, и уште повеќе – што дејствуваше во соработка со Иран во областа на природниот гас, што мислеше и што се однесуваше различно од другите земји во Заливот, Саудиска Арабија и Египет за редица големи прашања, ги доведе нештата до тука.

Можеби се сеќавате дека при ескалацијата на сириската криза на овие страници напишав текст во кој прашав: „Дали суштинската цел не е Турција?“

Иако не сакам повторно да го отворам тоа прашање и сега, сепак морам тоа да го направам. Мислам дека е потребно да прашам дали преку Катар не и се испраќа порака на Турција и дали Турција не е земена на нишан.

Можеби знаете, а можеби и не, но ако го исклучиме Катар, останатите земји од Персискиот Залив не гледаат многу наклонето кон Турција.

Не е тајна дека претставници на Обединетите арапски емирати (ОАЕ) на различни форуми се дрзнуваат да користат формулации преминувајќи ги „границите на доброто воспитување“ во однос на властите во Турција.

Кога веќе турските медиуми го преспаа тоа, мене ми се падна задачата да соопштан преку Твитер затоа што тогаш немав своја рубрика, дека Саудиска Арабија и Израел изјавија дека „треба да биде создадена курдска држава“ и дека „само така може да бидат сопрени експанзионистичките политики на Турција и Иран“ – став кој тие јасно го изразија во Вашингтон. Веројатно се сеќавате на тоа.

Позицијата на Египет е сосема јасна.
А сега единствениот „партнер“ на Турција на Арапскиот Полуостров е ставен во изолација.
Катар беше единствената земја која развива се подлабоки економски односи со Турција и ги реализира најголемите директни инвестиции во Турција во последните години.
До каде ќе стигне сето ова?

Најлошата можност е шеикот да се повлече, на негово место да дојде некој друг, евентуално татко му да се врати на власт.

Да се направат политички маневри, нештата да се нормализираат.
Тогаш веројатно брзо ќе заврши „блискоста на мислењата“ на Катар и Турција.

А понатаму?

Бог е сведок, не можам да знам.

Би можело да ве интересира

Катар дава пола милијарда долари за да се обнови Газа

Жарко Настоски

Катар вети 60 милиони долари за гасовод до Газа

Жарко Настоски

ВИДЕО: Во Катар 20.000 гледачи на отворање на нов стадион, сите тестирани на корона пред влезот

Жарко Настоски

Граѓаните на Катар ќе избираат 30 од 45 членови на Парламентот

Ана Ололовска

Напуштено бебе најдено на аеродром во Катар – властите симнале 13 Австралијанки од авион, барајќи ја мајката

Жарко Настоски

Ердоган утре во посета на Катар и Кувајт

Жарко Настоски