Повеќе од 800 мигранти, меѓу кои и неколку десетици Тунижани, биле пресретнати ноќта меѓу средата и четвртокот додека се обидувале да стигнат до Европа од бреговите на Тунис, соопштија денеска локалните власти.
– Вкупно 813 мигранти, вклучително и 473 од субсахарска Африка, беа пресретнати во близина на Тунис за време на 37 различни операции во северниот, централниот и јужниот дел на земјата, соопшти туниската национална гарда.
Властите соопштија дека се уапсени 48 лица осомничени за криумчарење мигранти.
Од почетокот на годината кај брегот на Тунис се пресретнати над 23.500 мигранти.
Извор: МИА