Повеќе од 120 бегалци од Мјанмар спасени кај Индонезија

Од:

Рибарите во западна Индонезија спасија над 120 етнички Рохинги, кои со брод избегале од Мјанмар, изјави денеска претставник на индонезиските власти, додека овие луѓе кои бараат азил тврдат дека кон нив е пукано во водите на Тајланд.

Рибарите вчера пронашле 121 Рохинг, како пловат на околу 25 километри од брегот и селото Кот Труенг, на западниот врв на Суматра во провинцијата Ацех, изјави локалниот старешина Муктар Самсјах.

– Нивниот брод останал без гориво додека се обидувале од Мјнамар да допловат до Тајланд, рече тој.

Меѓутоа 21-годишниот бегалец Фарим Алам тврди дека недостигот на гориво е последица на саботажата на тајландските поморски власти. Тој истакна дека бродот, на кој имало и шест жени и две деца, е пресретнат во водите на Тајланд три дена откако го напуштил Мјанмар, пред еден месец.

– Тие се качија на бродот, ни ги фрлија храната и горивото и потоа не однесоа на отворено море. Во текот на ноќта пукаа кон нас, изјави тој од имиграцискиот центар Мајал во градот Локсеумаве.

Алам истакна дека првобитно на бродот имало 12 луѓе повеќе, но оти верува дека тие се убиени фрлени во морето.

Обединетите нации ги сметаат Рохингите, муслиманска етничка група без татковина, за најпрогонетото малцинство во светот. Мјанмар ги смета околу 800 илјади Рохинги за доселеници од Бангладеш, кој исто така не ги признава.

Илјадници муслимани од Мјанмар, етнички Рохинги, ибегале од земјата по крвавите верски судири меѓу локалните будисти и муслимани минатиот ноември, кога загинаа 180 лица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени