Во текот на изминатите две години во малезиските имиграциски притворски центри, од различни болести и од други непознати причини, починале повеќе од 100 странци, покажуваат податоците на малезиската Национална комисија за заштита на човековите права, во кои увид имале британските медиуми.
Во текот на 2015 година биле забележени 83 смртни случаи, додека во текот на 2016 година, завршно со 20 декември, починале уште 35 лица.
Повеќе од половината од 118-те починати потекнуваат од Мјанмар, и се муслимани кои побегнале од мјанмарските власти и доминантно будистичката популација.