Повеќе лица излегле од продавница во Амстердам каде вооружено лице држи заложници

Од:

Повеќе лица ја напуштија продавницата на Епл во центарот на Амстердам, каде вооружен напаѓач држи заложници, објави амстердамската полиција на Твитер, наведувајќи дека не дава повеќе информации за ситуацијата.

Полициски единици се собраа пред продавницата, каде беше пријавено дека вооружен напаѓач зел заложник.

Претходно полицијата на Твитер напиша дека во продавницата има „некој со оружје“, а на локацијата се и бројни специјализирани полициски единици „со цел ја стават ситуацијата под контрола“.

Полицијата соопшти дека дава малку информации за ситуацијата во продавницата за да не се наруши истрагата и работата на нејзините припадници на лице место.

Квартот околу продавницата е изолиран.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

САД: Повеќето од заложниците кои ги држи Хамас се мртви

Мажот од Пенсилванија кој уби три лица е забарикадиран со заложници

Горан Наумовски

Заложничка драма во Бразил, двајца се тешко ранети

Горан Наумовски

Драма на брод во Шпанија: Србин со часови држел заложници, еден убил

Убиен e Иранецот кој држеше заложници во Швајцарија

Горан Наумовски

Хамас ослободи заложници