Телото на уште еден заложник е пронајдено во Газа

Од:

Израелската армија го пронајде телото на уште еден од заложниците од Газа. Станува збор за Рон Бенџамин (53), чие тело е пронајдено заедно со телата на уште тројца во петокот, јавува Би-Би-Си.

Бенџамин учествувал во групно возење велосипед кога Хамас започна напад на 7 октомври во кој загинаа околу 1.200 луѓе. Потоа милитантите одведоа уште 252 лица во Газа како заложници.

Портпаролот на израелската армија, Даниел Хагари, во изјава објавена на X, рече дека военото разузнавање утврдило дека Бенјамин бил убиен на 7 октомври и дека неговото тело било „киднапирано од милитанти“.

Форумот за заложници и исчезнати семејства објави дека Рон Бенџамин бил семеен човек, сопруг и татко на две деца кој сакал велосипед и знаел да оди да јава секоја сабота.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот суд на правдата во Хаг му нареди на Израел да ја запре офанзивата во Рахаф

„Њујорк тајмс“: Европа се одвраќа од Израел, го доживува како агресор

Пронајдени се телата на уште тројца заложници во Газа

Најмалку 35 Палестинци загинаа во Појасот Газа

Вафа: 20 лица загинаа во воздушен напад врз бегалски камп во Газа

Израел брутално ја напаѓа Газа додека советникот на Белата куќа е во регионот

Горан Наумовски