Потребна е европеизација на проблемот со бегалците, изјави италијанскиот амбасадор во Австрија

Од:

Брзи и ефикасни мерки против невработеност на младите, како и европеизација на проблемот со бегалците, се главните тежишта на претседавањето на Италија со ЕУ, истакна синоќа во Виена италијанскиот амбасадор во Австрија Џорџо Мараподи.

Тој во текот на дискусијата во претставништвото на ЕК, нагласи дека хармонизацијата на политиката кон азилантите и бегалците поради драматичниот развој на трагедиите во Средоземното Море, е мошне значајно прашање.

Мараподи потсети дека Медитеранот е заедничка граница, а не е само во надлежност на италијанската морнарица.

Во врска со тоа тој побара брзо проширување на надлежноста на европската агенција за заштита на границата Фронтекс.

Мараподи рече дека идејата за обединување на ЕУ треба да биде поттикната со натамошен економски раст, како и доближена до граѓаните.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент

Семејство со три деца со автомобил падна во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Серија земјотреси во околината на Неапол

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага

Поплави во Италија: Тројца млади исчезнаа во водата

Предраг Петровиќ

„Јас сум таа ку*ка Мелони, како сте“?

Предраг Петровиќ