Саманта Лутвејт, британката која е во бегство заради обвинението на британската влада за тероризам се наоѓа во Сомалија каде регрутира женски терористички ударни групи.
Саманта е вдовица на Џермејн Линдзи, еден од учесниците во терористичкиот напад од 7. јули 2005 година во Лондон. Нејзе и се губи трага од декември кога побегна во Момбаса, Кенија. Полицијата тогаш го откри нејзиниот план за напад на туристи и хотели со хемиски бомби. Неодамна се појави вест дека е во Сомалија и е поврзана со терористичките напади во источна Африка. Саманта Лутвејт во исламистичките кругови е позната како „дада мзунгу“, што на свахили значи „бела сестра“.
Една блогерка напиша „Повеќе од 5 пати нашата бела сестра ги победи неверниците во Кенија и Танзанија. Го посвети животот на Алах и нему му служи како негов женски војник. Во Сомалија командува со единиците жени муџахедини. Сите муслимански сестри сакаат да бидат како нашата бела сестра. И јас ќе се придружам“.
Полициските извори во Кенија соопштија дека по нивните сознанија Саманта престојува во Сомалија каде ја заштитува Ал Шабаб, милитантната исламистичка војска.