После две ипол години: Најдени остатоци од тела во Коста Конкордија

Од:

Нуркачи пронашле остатоци од човечки тела, во делови од бродот „Коста Конкордија“ кој во јануари 2012 година потона во близина на островот Ѓиљо, пренесуваат агенциите.

„Ројтерс“, наведе дека е потребно да се провери дали пронајдените остатоци припаѓаат на Индиецот Расел Ребело, единственото лице чие што безживотно тело до сега, две и пол години по несреќата се уште не е пронајдено.

Постои можност пронајдените остатоци да и припаѓаат на патничката Марија Грација Трекаричи, чие што безживотно тело беше пронајдено и идентификувано дури во октомври минатата година, бидејќи како што наведе „Франс прес“, останало нејасно дали се пронајдени сите нејзини посмртни остатоци.

Известувајќи за пронајдените фрагменти од коски, француската агенција пренесе дека италијанската агенција за цивилна заштита смета дека е рано да се зборува кому тие му припаѓаат.

kostaKonkordija-12

-Анализата на остатоците ќе започне наскоро и нејзините резултати ќе бидат познати во следните неколку дена, наведе агенцијата во соопштението.

Луксузниот туристички брод повеќе од две години по потонувањето беше на дното кај островот Ѓиљо, откаде што минатиот месец беше пренесен до Ѓенова.

Нуркачите сега ги пребаруваат, недостапните места на бродот на кој во моментот на несреќата имаше повеќе од 4.000 лица, од кои 3.200 патници и повеќе од илјада членови на екипажот.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Извлечени уште 14 тела по бродоломот на мигрантскиот брод кај Калабрија

(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент

Семејство со три деца со автомобил падна во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Серија земјотреси во околината на Неапол

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага

Поплави во Италија: Тројца млади исчезнаа во водата

Предраг Петровиќ