После 20 години зад решетки, жена е прогласена за невина за смртта на нејзините деца

Од:

Австралијката Кетлин Фолбиг е ослободена од обвинението за убиство на своите четири деца по 20 години затвор, откако Врховниот суд на Нов Јужен Велс денеска пресуди дека доказите кои првично биле користени се „неверодостојни“.

Благодарение на новите научни сознанија кои открија дека децата на Фолбиг би можеле да умреле од природна смрт поради неверојатно ретки генски мутации, главниот судија Ендрју Бел ja ослободи Фолбиг од сите обвиненија.

Претходно, австралиската влада ја помилуваше и ја ослободи 56-годишната жена во јуни, по 20 години поминати во затвор.

Фолбиг рече дека доказите за нејзината невиност биле „игнорирани и отфрлени“ со децении.

„Системот претпочиташе да ме обвинува мене отколку да прифати дека понекогаш децата можат да умрат ненадејно и неочекувано“, додаде Фолбиг.

Адвокатскиот тим на Фолбиг потврди дека ќе бара отштета во нејзино име, но не кажа колку.

Четири од нејзините деца – Кејлеб, Патрик, Сар и Лаура – починале ненадејно помеѓу 1989 и 1999 година, на возраст меѓу 19 дена и 18 месеци, а обвинителите тогаш тврдеа дека таа ги задушувала.

Обвинителството се потпираше на посредни докази, користејќи ги дневниците на Фолбиг кои никогаш не биле прегледани од психолози или психијатри, наведува Би-Би-Си.

Таа во 2003 година беше осудена на 40 години затвор за убиство од небрежност на четири деца, а подоцна по жалба казната беше намалена на 30 години.

Би можело да ве интересира

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Избегал од затвор и крадел низ Крива Паланка

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он