Порошенко: Русија живее во друг универзум

Од:

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави денеска дека Русија живее во „сосема поинаков универзум”, и ја истакна опасноста од „алтернативна Европа” на чело со рускиот претседател Владимир Путин, пренесува БТА.

Порошенко ја даде изјавата на Минхенската конференција за безбедност, откако рускиот премиер Дмитриј Медведев го обвини Западот дека повторно ја распалува Студената војна.

Порошенко остро ја критикуваше Русија за нејзините дејства во Украина и Сирија, кои според него „покажуваат дека ние и Русија живееме во сосема поинакви универзуми”.

Според него, главната опасност за Европејците сега е „алтернативна Европа со алтернативни вредности“ како изолација, нетолеранција и непочитување на човековите права.

– Оваа алтернативна Европа има свој водач. Тој се вика Путин, изјави Порошенко.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје