Порошенко: Русија го предизвикува целиот демократски свет

Од:

Украинскиот претседател Петро Порошенко денеска ја обвини Русија дека „со анексијата“ на Крим и наводното вооружување на проруските сили на истокот од Украина го предизвикува „целиот демократски свет“.

Како што пренесува Танјуг, Порошенко од западните сојузници побарал да ги заострат трговските и други санкции кон Русија и нејзините најголеми фирми, доколку Москва не ги исполни условите од привремениот прекин на огнот.

– Украина и нејзините сојузници ја попречуваат Русија да ја засили својата агресија и дополнително да ги прошири своите смртоносни неоимперијалистички амбиции, рече Порошенко на меѓународниот собир „Годишен состанок во Јалта“, што до приклучувањето на Крим кон Русија беше оддржуван во овој град.

– Мораме јасно да ставиме до знаење дека, не само што сегашните санкции ќе останат се додека Русија го држи Крим под окупација и поттикнува хаос во Донбас, туку рестриктивните мерки и ќе се засилат доколку Русија го попречува процесот на решавање на кризата, истакна Порошенко.

Киев ја обвинува Русија дека тајно во воената зона испратила околу 8.000 војници и дека проруските сили ги снабдила со софистицирани ракети и тенкови, што Москва постојано го негира.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје