Доскорешниот премиер на Малезија Наџиб Разак, кој беше обвинет за корупција набргу по изборот на Махатир Мохамед за премиер, се изјасни за невин на вчерашното судско рочиште.
– Барам да ми се суди, изјави Разак, по што му беше определена кауција од 250.000 долари за да се брани од слобода и му беше наредено да ги предаде дипломатските пасоши.
Обвинителот Томи Томас тврди дека Разак проневерил над 10 милиони долари од државен фонд, кој бил формиран по негов налог.
Полицијата соопшти дека запленила накит и други скапоцености вредни дури 272 милиони долари во куќи во сопственост на порашениот премиер. Разак тврди дека се работи за политички монтиран случај од страна на неговиот некогашен сопартиец Мохамед.