Поранешниот малезиски премиер Наџиб Разак прогласен за виновен за злоупотреби на функцијата

Од:

Поранешниот малезиски премиер Наџиб Разак е прогласен за виновен за злоупотреба на службената должност, во првата пресуда од серијата судски процеси против него за корупција во државниот фонд за развој „1Malaysia Development Berhad“ (1MDB), јави ДПА.

Зборувајќи пред малезискиот Висок суд во Куала Лумпур, судијата Мохд Назлан денеска кажа дека одбраната на Наџиб во расправата не успеала ја побие основаноста на сомнението на обвинителството за злоупотреба на службената должност, пренесе агенцијата Бернама.

Наџиб (67) беше премиер на Малезија од 2009 до 2018 година.

Тој е обвинет по три точки за кривично дело криминално нарушување на довербата, три точки за перење пари и една точка за злоупотреба на службената должност, што се поврзани со сумата од 42 милиони рингити (9,5 милиони долари), што наводно, биле украдени од СРЦ Интернешенл, компанија на „1МДБ“ што некое време била предводена од малезиското Министерство за финансии.

Наџиб се соочува со вкупно 42 обвиненија во пет одделни судења. Наџиб, кој во времето кога бил министер за финансии помогнал во формирањето на фондот 1 МДБ, на судењето негираше дека сторил злоупотреба на фунцкијата, инсистирајќи на тоа дека парите биле донација од Саудиска Арабија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Малезија бара нова истрага за исчезнатиот МХ-370

А1он

Малезија има нов крал

Малезија: Најмалку 10 загинати по авионска несреќа на автопат

Во близина на Малезија се запали танкер, спасени се 25 членови на екипажот, тројца се водат за исчезнати

Горан Наумовски

Феро Инвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

Горан Наумовски