Поранешни проститутки ја тужат владата на Јужна Кореја зашто „работеле„ со војници

Од:

Околу 120 поранешни проститутки ја тужат Владата на Јужна Кореја и бараат финансиска компензација од државата, затоа што „работеле“ блиску до американските воени бази.

Овие жени тврдат дека јужнокорејските власти „активно ја потикнувале“ нивната работа, што се претворил во посебен систем кој сега кога тие се стари и веќе не се занимаваат со „најстариот занает во светот“ се оставени без пари, во беда и сиромаштија.

После Втората светска војна и посебно по Корејската војна, во првата половина на 50-те години на 20 век, како и сега, до секоја воена касарна, воен камп, или база на Американците, има подигнато посебна населба, во која секоја ноќ, до рано наутро, има многу музика и забава и во кои „работат“  домашните проститутки.

Тие не бараат ништо од Американците и од властите на САД, туку од сопствената држава, од која побаруваат по десет илјади долари, надокнада, за секоја од тужителките.

– Властите во Сеул ја поттикнуваа проституцијата, за да им обезбедат на странските војници да се чувствуваат среќни и задоволни во Јужна Кореја, објаснуваат некогашните проститутки, кои сепак, велат дека тие не биле прислувани да се занимаваат со продавање на нивните тела.

– Ова не е случај на сексуално ропство и ние не бараме компензација за тоа, туку за вклучувањето во системот  за да им се угодува на странските војници. Ние работевме по цели ноќи, а сега е време Владата да ни плати за се што направивме, изјави една од водачите на протестот пред една американска база во Јужна Кореја.

Сите овие жени кои бараат компензација за „минатиот труд“ се оправдуваат дека морале да се занимаваат со проституцијата затоа што биле сиромашни и затоа што живееле во сиромашна земја.

Би можело да ве интересира

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот

Јужна Кореја и се закани на Кина: Не може да се толерираат промени во Јужното Кинеско Море

Катерина Ѓуровски

Северна Кореја рано утринава истрела неколку крстаречки ракети кон Жолтото Море

ВИДЕО: 37.000 извидници евакуирани од камп во Јужна Кореја пред налетот на тајфунот Канун

Катерина Ѓуровски

Поплави и свлечишта во Јужна Кореја, стотици луѓе евакуирани

Горан Наумовски