Поранешната тениска ѕвезда Австралијанецот Боб Хјуит (75) е осуден во Јужна Африка за силување на тинејџерки во времето кога ги тренирал јужноафриканските тенисерки.
Хјуит ги отфрла обвинувањата за две силувања и за еден сексуален напад и тврди дека не е виновен.
Сите инциденти за кои го обвинуваат, три од неговите поранешни ученички-тенисерки, сега возрасни жени се случувале во осумдесетите и во деведесетите години на 20 век, кога Хјуит работел во оваа африканска земја како тениски тренер.
Судот ја отфрли одбраната на Австралијанецот и ги прифати обвинувањата дека жените биле сексуално нападнати кога биле тинејџерки.
Боб Хјуит има освоено осум тениски Гранд слем титули, во игра во двојки, како и шест во мешовити двојки во периодот кога настапуваше по терените низ светот, во шеесетите и седумдесетите години од 20 век.