Поранешен унгарски комунистички министер обвинет за воени злосторства

Од:

Поранешен унгарски министер и висок функционер на Комунистичката партија Бела Бижку е обвинет за воени злосторства, поврзани со репресии врз цивили по антисоветската револуција во 1956 година, соопштија денеска унгарските обвинители.

Бижку (92) стана министер за внатрешни работи и член на привремениот Извршен комитет на владејачката Комунистичка партија, откако советските сили брзо го задушија бунтот од октомври 1956 година.

Тој комитет формирал милиција, која ги спровела репресиите, како убиството на 49 лица за време на двата протести во декември таа година, кога припадниците на милицијата отворија оган кон демонстрантите.

Според иследниците, Бижку и издавал наредби на милицијата да отвори оган кон демонстрантите и одиграл клучна улога во сузбивањето на бунтот.

Главниот обвинител на Будимпешта Тибор Иболи денеска изјави дека улогата на Бижку во тие репресии, според Женевската конференција, претставува воено злосторство и подлежи на максимална казна доживотен затвор.

Бижку се наоѓа во домашен притвор и се очекува судскиот процес против него да почне за три месеци.

 

 

Би можело да ве интересира

Судир на два брода во Унгарија, две лица загинаа, пет исчезнати

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Сијарто: Унгарија не сака руски имот, тоа е наследство на комунизмот