Поранешен претседател на авиокомпанија: Американската војска го урна малезискиот боинг

Од:

Марк Дугејн, поранешен претседател на француската авиокомпанија „Протеус ерлајнс”, тврди дека боингот 777 на „Малезија ерлајнс“ во март го урнала американска војска, а потоа го сокрила тоа.

Овој експерт за авиони верува дека причина за тоа е страв од терористички напад на американска воена база во Индискиот океан, како оној од 11-ти септември.

Дугејн смета дека авионот е урнат во Индискиот океан, во близина на америкнската воена база на островот Диего Гарсија.

-Станува збор за мошне силна воена база. Изненадувачки е што Американците изгубиле секаков контакт со исчезнатиот авион. За да не влегуваат во теории на завера, можно е токму Американците да го урнале леталото- изјави Дугејн.

Французинот се прашува како е можно во време на висока технологија, без трага да исчезне објект со должина од 63 метри, алудирајќи дека некој намерно ги крие доказите.

Дугејн тврди дека МХ 370 можел да биде грабнат со помош на хакер, а потоа насочен кон воената база на тој мал остров.

Теоријата на францускиот експерт е само една во низата, кои се обидуваат да го објаснат мистериозното исчезнување на авионот на „Малезија ерлајнс“.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Малезија бара нова истрага за исчезнатиот МХ-370

А1он

Малезија има нов крал

Малезија: Најмалку 10 загинати по авионска несреќа на автопат

Во близина на Малезија се запали танкер, спасени се 25 членови на екипажот, тројца се водат за исчезнати

Горан Наумовски

Феро Инвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

Горан Наумовски