Поради суша на Африканскиот рог, глад им се заканува на речиси 13 милиони жители

Од:

Поради сушата на Африканскиот рог, од југ на Етиопија до север на Кенија и Сомалија, глад им се заканува на речиси 13 милиони жители, предупредуваат хуманитарните организации.

Во регионите со претежно сточарско и земјоделско население, последните три сезони на дождови од крајот на 2020 година имаше мали количества на врнежи, а поради скакулци опустошени се посевите од 2019 до 2021 година.

„Рогот на Африка сочинува само 4 отсто од светското население, но дури 20 отсто е изложено на несигурност во однос на храната“, предупреди Мајкл Данфорд, директор на Светската програма за храна (WFP) за Источна Африка.

Според ОН, 5,7 милиони луѓе имаат потреба од помош во храна во јужна и југоисточна Етиопија, од кои половина милион деца и мајки се неухранети.

Во источна и северна Кенија, каде што претседателот на земјата прогласи национална катастрофа во септември, на 2,8 милиони луѓе им е потребна помош во храна.

Во Сомалија, бројот на гладни може да се зголеми од 4,3 милиони на 4,6 милиони до мај, доколку не е потребна итна помош. Властите прогласија вонредна состојба во ноември.

Во таа земја „неухранетоста достигна критични нивоа“, рече портпаролот на УНИЦЕФ, Виктор Чињама, повикувајќи го светот „да дејствува веднаш“, бидејќи „ако се чека да се влоши ситуацијата или да се прогласи глад, може да биде предоцна“.

Во 2017 година, раната хуманитарна мобилизација помогна да се спречи гладот ​​во Сомалија, кој не успеа во 2011 година кога 260.000 луѓе – од кои половината деца на возраст под шест години – починаа од глад.

На повикот на ОН да се соберат 1,23 милијарди евра за помош на населението на Сомалија во 2022 година, досега се обезбедени само 2,3 отсто.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нереални сцени: Во Африка падна снег

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

(ВИДЕО) Навивачка погина во стампедо: Тажен епилог на хаосот пред мечот во Мароко

Предраг Петровиќ

САД ќе и дадат 55 милијарди долари на Африка во следните три години

Ана Ололовска

ЕУ и четири земји-членки ќе ја помогнат адаптацијата на Африка на климатските промени

Ана Ололовска

Фондацијата Гејтс ќе додели 1,4 милијарди долари за помош на земјоделците во Африка и Азија

Ана Ололовска