Популистите победија на изборите за градоначалник во Рим и Торино

Од:

Главната опозициска партија во Италија, десното популистичко Движење 5 Ѕвезди, победи на вчерашните избори за градоначалници на Рим и Торино. 

Според податоците од Министерството за внатрешни работи, врз основа на преброените гласови во 99,8 отсто од изборните единици, кандидатката за римкси градоначалник на Движењето 5 Ѕвезди, Вирџинија Раџи освоила 67,2 проценти од гласовите, наспроти 32,8 отсто, колку што освоил нејзиниот противкандидат од владејачката левоцентристчка Демократската партија, Роберто Џакети. 

– Со нас започнува новата ера, истакна иноќа Реџи (37) и вети дека ќе го подобри закондавството во градот, влошено поради корупциските скандали. 

Победата на Реџи беше очекувана за разлика од изненадувачките резултати на другата млада кандидатка на Движењето 5 Ѕвезди, Кјара Апендино, која на изборите за градоначалник на Торино го совлада кандидатот на демократите Пјеро Фасино, кој важаше за фаворит за победа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент

Семејство со три деца со автомобил падна во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Серија земјотреси во околината на Неапол

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага

Поплави во Италија: Тројца млади исчезнаа во водата

Предраг Петровиќ

„Јас сум таа ку*ка Мелони, како сте“?

Предраг Петровиќ