Понта: Унгарскиот ѕид е срам за Европа

Од:

Романскиот премиер Виктор Понта денеска изјави дека ставот на Унгарија во справување со бегалската криза е „антиевропски“ и „срам за Европа“.

– Засега го делам ставот, што е сличен со тој на српскиот, хрватскиот и австрискиот премиер, Европската комисија и Генералниот секретар на ОН, дека унгарското справување со кризата е неевропско и срам за Европа, изјави Понта.

Понта за изградбата на ограда на границата меѓу Унгарија и Романија, изјави дека не е во согласност со духот на Европа.

Романскиот премиер, исто така, изрази и несогласување со мешањето на Будимпешта во внатрешните политички работи во Романија.

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО