Помпео: САД разгледуваат различни можности како да и помогнат на Турција во Идлиб

Од:

САД разговараат со Турција и разгледуваат различни можности како да и помогнат на оваа земја околу ситуацијата во сириската провинција Идлиб, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео.

„Ние сме крај нашиот сојузник, членка на НАТО, после бескрупулозниот и дрзок напад врз турските сили во Идлиб, во кој погинаа 33 војници“, наведе Помпео во соопштението, изразувајќи сочуство до турската Влада.

Тој соопшти дека САД најостро го осудуваат нападот и дека „режимот на сирискиот претседател Асад, Русија, Иран и Хезболах мораат да ги прекинат нападите врз Идлиб“, пренесуваат агенциите.

Помпео оцени дека „нивните акциии директно го спречуваат воспоставувањето на примирјето на северот од Сирија“.

„САД соработуваат со Турција и разгледуваат опции за помош на оваа земја во борбата против таа агресија, додека се обидуваме да спречиме натамошна бруталност на режимот на Сирија и Русија и ги намалиме хуманитарните последици во Идлиб“, наведе Помпео.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски