Помпео: Јасно е дека Русија стои зад хакерските напади на САД

Од:

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, изјави дека е јасно дека Русија стои зад хакерските напади врз САД оваа недела. Тој верува оти Русија стои зад хакерските напади на десетици федерални агенции и компании, вклучувајќи ја и компанијата за сајбер безбедност FireEye.

Говорејќи на „Марк Левин шоу“, Помпео рече дека случувањата се „прилично јасно“ поврзани со Русија.

-Не можам да кажам многу повеќе бидејќи сè уште утврдуваме прецизно и сигурен сум дека дел од тие информации ќе останат класифицирани, рече Помпео.

На прашањето дали претседателот Доналд Трамп ќе зборува за време на истрагата, Помпео рече дека понекогаш „помудриот начин на дејствување за да се заштити американскиот народ е мирно да се занимавате со вашата работа и да ја браните слободата“

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Додик отпатува за Русија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија