Полскиот премиер по нападот на Венецуела: Ќе спроведеме анализа како ќе влијае во регионот

Од:

Полскиот премиер Доналд Туск денес изјави дека американскиот воздушен напад врз Венецуела влијае на целиот свет и дека Полска ќе се подготви за новата ситуација.

На брифинг во градот Елблаг, каде што учествува на состанок на кризниот штаб во врска со тешката состојба на патиштата и железниците поради лошото време, Туск потсети на своите надежи дека 2026 година „нема да биде многу поинтересна“ од претходната година, но, како што изјави, првите денови од новата година донесоа „многу сериозен удар“, вклучувајќи тешкотии на патиштата и железниците во Полска поради лошото време и нападот на американските сили врз Венецуела.

„Навистина, 2026 година започнува со силен удар. Ќе се спроведе анализа за тоа како тоа ќе влијае на ситуацијата во нашиот регион. Во овие времиња, настани од големи размери како што е денешниот напад на американските сили влијаат на целиот свет. Затоа, ние ќе реагираме и ќе се подготвиме за нова ситуација“, нагласи Туск, според агенцијата ПАП.

Според него, во Венецуела моментално има 11 полски државјани кои отишле таму и покрај повеќекратните предупредувања од Министерството за надворешни работи да не патуваат во оваа земја поради внатрешната ситуација и заканата од конфликт. Тој додаде дека во моментов нема закана за полската амбасада во Каракас.

Би можело да ве интересира

Вонредна состојба во 16 американски држави поради студениот бран – Трамп: Чувајте се!

А1он

Иран се заканува со „тотална војна“ доколку САД ги нападнат

А1он

Бесeнт: Сојузниците мора да разберат дека Гренланд мора да биде дел од САД

САД: Времето работи против Киев

Венс: САД мора да имаат права врз природните ресурси на Гренланд

Горан Наумовски

Путин: Не се откажувам од украинските региони